Ферари „мириса“ титула – Леклерк е немилосрден и во Австралија, Ферстапен втор пат сезонава е во „аут“

Шарл Леклерк е победник на трката за големата награда на Австралија која што се возеше на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн. Во историскиот викенд за оваа држава, бидејќи во текот на целиот викенд имаше 419.114 илјади навивачи што е рекорд за еден спортски настан, а сите тие беа сведоци на доминација на возачот на Ферари.

Леклерк водеше практично од првиот до последниот круг, додека неговиот најголем ривал, Макс Ферстапен по втор пат сезонава не ја завршува трката откако самиот одлучи да го сопре болидот откако почна да му мириса на нешто чудно.

Под број два заврши Себастијан Чеко Перез, додека третопласиран е возачот на Мерцедес, Џорџ Расел. Седумкратниот светски првак, Луис Хамилтон заврши на четврттото место.

Леклерк полека се издвојува на лидерското место во генералниот пласман и сега има 71 бод, додека под број два е Џорџ Расел со 37 освоени бодови.

Наредниот Ф1 викенд ќе биде од 22 до 24 април каде што на програмата ќе биде Имола со својата легендарна патека „Енцо и Дино Ферари“.

- Оглас -

Најнови вести