Во најлудиот сон вакво финале немаше да се случи: Заедно имаат 215 години, но само два освоени трофеи!

Кога се зборува за шкотскиот фудбал, јасно е дека доминацијата е од два клуба. Селтик и Ренџерс ги имаат освоено повеќе од половината трофеи како во првенството така и во Куповите на оваа земја. Сепак, сезонава ќе има едно неочекувано финале.

На 28 февруари во Глазгов, во борба за трофејот во Лига купот ќе играат Сент Џонстон и Ливингстон. Тоа се клубови кои заедно имаат 215 години. Сент Џонстон е еден од најстарите клубови не само во Шкотска туку и во светот. Формиран е во 1884 година, додека Ливингстон има традиција која датира од 1943 година.

Иако имаат повеќе од два века фудбалска традиција, тоа се клубови кои не може да се пофалат со некои значајни трофеи. Ливингстон во 2004 година го освои својот прв и засега единствен голем трофеј во Купот. Дест години подоцна, односно во 2014 година, на пехарот се радуваше и Сент Џонстон. И за Сент Џонстон тоа е прв и засега единствен трофеј кога се работи за четирите водечки натпреварувања во Шкотска, а тоа е првенството, Купот, Лига купот и Супер купот.

За малку повеќе од еден месец овие два клуба ќе играат меѓу себе во финалето на Лига купот и на крајот еден од нив ќе се радува на својот втор значаен трофеј во клупската историја.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести