Љубителите на кошарката, особено на таа во најсилната лига на светот, во НБА се почесто ги критикуваат големи ѕвезди на Лос Анџелес лејкерс кои се меѓу најплатените спортисти на светот, но играат скромно сезонава.
Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и особено Раселп Вестбрук се почесто се на мета и на навивачите на Лејкерси, а и ноќеска имаа скромен заеднички ефект, па дури им направија и споредба што не е лагодна и за нив и за раководството на клубот што заедно со Бостон зселтикс е најтрофеен во историјата на НБА лигата.
Квартетот играчи на клубот од Ел-Еј, Леброн Џејмс, Ентони Дејвис, Кармело Ентони и Деандре Џордан заедно годишно ја чини Управата на Лејкерс 100 милиони долари за плати, а имаа вкупно 15 скока, од кои само еден офанзивен.
На спротивната страна сам ги натскока и надигра под обрачите, Џеред Вандербилт од Минесота тимбервулфс со 16 скока, од кои дури 8 беа офанзивни. Вандербилт има годишна плата од 4 милиони долари, а им помогна на Волците ноќеска да ги декласираат ѕвездите на Лејкерс со 110:92.
LeBron + Anthony Davis + Carmelo Anthony +DeAndre Jordan:
15 rebounds, 1 offensive, $100M in salaryJarred Vanderbilt:
16 rebounds, 8 offensive, $4M in salaryWolves FGA: 98
Lakers FGA: 78Wolves 110, Lakers 92. On national television
All hail Jarred Vanderbilt— Key Sang (@Phantele_) December 18, 2021