Во Париз ќе бидат поделени 220.000 кондоми за време на ЛОИ 2024

До стартот на Летните олимписки игри во Париз остануваат само уште неколку месеци. Главниот град на Франција ќе биде домаќин на најголемиот спортски настан кој се одржува еднаш во четири години.

Париз на секое поле се обидува да биде беспрекорен домаќин, па така внимава и за превенција на спортистите. Ако на претходните Игри во Токио имаше ограничување на физичкиот контакт поради корона-вирусот, овојпат тоа ограничување нема да постои.

Токму затоа организаторот реши бесплатно да бидат поделени 220.000 кондоми за сите спортисти кои ќе бидат дел од Игрите. Ќе има 200.000 машки и 20.000 женски кондоми.

Оваа бројка од 220.000 кондоми е многу поголема од тоа што беше поделено на ЛОИ во Пекинг во 2008 година (100.000 кондоми) и Лондон 2012 година (150.000 кондоми). Сепак, оваа бројка од 220.000 кондоми кои ќе бидат поделени во Париз се далеку од рекордот кој беше поставен на Игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година, кога беа поделени неверојатни 450.000 кондоми, односно во просек по 42 кондоми за секој учесник на ЛОИ.

Во Олимпиското село во Париз летово се очекува да има околу 14.000 спортисти.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести