Во редовите на Задар доаѓа поранешен шампион на НБА

Задар го најави ангажманот на Глен Дејвис, искусниот центар ќе игра за хрватскиот состав во претстојната сезона. Задарчани добија квалитетно засилување под обрачите, ветеранот Дејвис доаѓа со реноме на поранешен шампион во НБА-лигата.

Триесет и двегодишниот центар паузираше од секакви кошаркарски активности, последен пат играше во 2015 година, во дресот на ЛА клиперс. Оттогаш Дејвис три години пробуваше да изгради кариера во филмската индустрија, но сега реши да се врати на паркетите. Во неговата кариера има настапувано и за Орландо меџик и Бостон селктикс, а со франшизата од Бостон во 2008 година ја освои шампионската титула.

Дејвис нема да биде во составот на Задар за денешната пресметка против ФМП (18 часот) во првото коло од АБА-лигата, неговото пристигнување се очекува во текот на оваа недела.

- Оглас -

Најнови вести