Во Салерно летаа и камења, среќа што Ретеги беше погоден со чоколатце, па негов соиграч го изеде!

Џенова победи со 2-1 на гостувањето кај Салернитана, а кога Матео Ретеги во 13-та минута даде гол за водство на гостите од 1-0, кон него се фрлаа разни предмети од трибините.

Судијата Орсато кај делегатот однесе камен, а за среќа каменот не погоди никого. Затоа пак Ретеги беше погоден во глава со едно чоколатце. Колку и да беше болно и непријатно, фудбалерот мина далеку полесно отколку ако добиеше камен по главата. Соиграчот на Ретеги, Стротман, го отвори чоколатцето и го изеде на терен, што уште повеќе ги испровоцира домашните фанови.

- Оглас -

Најнови вести