Во Серија А има нов лидер и тоа со дадени два гола во иста минута, но во различни полувремиња

Аталанта се намачи на својот стадион во Бергамо, но на крајот стигна до победа против Сасуоло од 2:1 во меч од 10. коло. Со овие три бода, Аталанта дојде до 24 бодови и сега е нов лидер во Серија А, со седум победи и три нерешени, без ниту еден пораз. Наполи е тимот кој може да ја симне Аталанта од врвот, доколку Наполитанците не загубат од Болоња.

Сасуоло вечерва прв се израдува во Бергамо и тоа со голот на Киријакополус во 41 минута. Водството на гостите траеше само неколку минути затоа што Пашалиќ израмни на 1:1 со гол во 45+1 минута од првото полувреме.

Само што почна вториот дел, односно во 46 минута, Лукман погоди за тимот од Бергамо и радост на домашните навивачи. Едноставно Аталанта даде два гола во 46 минута. Првиот беше во 45+1 минута од првиот дел, а вториот на стартот од второто полувреме, односно во 46 минута.

 

- Оглас -

Најнови вести