Во Серија А се игра дербито на дното, Арсенал нема да го повтори киксот на Астон Вила

1310 Атлетик Билбао – Осасуна (21.00 часот)

Во последниот натпревар од 16-то коло во Ла Лига, Атлетик Билбао ја пречекуна Осасуна и ќе ја има фаворитската улога. Атлетик по 15 кола има 25 освоени бода и се наоѓа на седмото место, додека Осасуна има два бода помалку е и две позиции подоле. Подобар старт во 2023 година имаа Баскијците кои одиграа без голови на гостувањето кај Бетис, додека Осасуна загуби со 2:0 од Реал Сосиедад.

Кога овие два тима играат на „Сан Мамеш“ традицијата е на страната на Баскијците кои во последните десет натпревари имаат седум победи, две ремија и само еден пораз и притоа примиле само три гола.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.35)

 

3623 Болоња – Аталанта (20.45 часот)

Аталанта по пауза поради СП во Катар, ја прекина серијата од три порази играјќи 2:2 на гости кај Специја, а вечерва повторно гостува, овој пат во Болоња. Трите порази ја исфрлија Аталанта од позициите кои носат во Европа и сега е седма со 28 бода, додека Болоња по лошиот старт на сезоната, фати залет ви последните пет кола остварувајќи три победи и се искачи на 11 место на табелата.

И двете екипи играат ефикасно во последно време и за очекување е во ист ритам да продолжат и вечерва.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.24)

 

2832 Башакшехир – Адана (15.00 часот)

Ова е второто големо дерби во 18-то коло во турската Суперлига по вчерашното меѓу Фенербахче и Галатасарај бидејќи играат третиот и четвртиот тим на табелата. Башакшехир во последните три кола освои седум бода и е трет со 31 бод, додека Адана освои еден бод помалку.

Двата тима имаат цврста одбрана, се наоѓаат веднаш зад Галатасарај кој има примено најмалку голови досега. Башакшехир поради домашниот терен има мала предност, но се очекува ова да биде тврд натпревар без многу голови. На последните пет натпревари само еднаш паднале повеќе од три гола.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.85)

 

1103 Оксфорд јун. – Арсенал (21.00 часот)

Топчиите се големи фаворити во третото коло од ФА Купот против Оксфорд јунајтед и сигурно нема да си дозволат да бидат изненадени како Астон Вила која вчера загуби од четвртолигашот Стивениџ.

За очекување е менаџерот на Арсенал, Микел Артета да им даде одмор на дел од првотимците пред предизвиците во Премиер лигата, но и покрај тоа, има доволно квалитетни играчи за без поголеми проблеми да го реши прашањето околу пласманот во четвртото коло во најстарото англиско натпреварување.

Предлог тип: Т2 1-3 I & 1-3 II (1.90)

 

3622 Верона – Кремонезе (18.30 часот)

Ова е натпревар на двете последнопласирани екипи во Серија А кои се главни фаворити за испаѓање. Верона е послена 20-та на табелата со само шест бода и една победа, додека Кремонезе има бод повеќе, но се уште нема триумф. Дополнителен проблем за тренерот на Кремонезе, Алвини претставуваат повредите на Ачела, Аскасибар, Кирикеш и Раду кои сигурно нема да настапат.

На спротивната страна, неизвесен е настапот на Пражелик, Ласања, Фараони. Верона изненади во последното коло кога одигра 1:1 на гости кај Торино и поради проблемите со повредите на противникот, вечерва има поголеми шанси да дојде до позитивен резултат.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.78)

 

- Оглас -

Најнови вести