Во Шпанија избегната трагедија: Рефлектор се откачи од кровот и падна на теренот (Видео)

Кошаркарите на Басконија ја победија Барселона со 103-96 на домашен терен во меч од 24-тото коло на шпанското првенство. На овој натпревар се случи инцидент, кој можеше да има и трагични последици. На еден тајм-аут во финишот од мечот, додека танчерките ги забавуваа гледачите, се откачи рефлектор од кровот на салата и падна на теренот, непосредно до една од девојките.

Кошаркарите и тренерите од клупите останаа вчудоневидени од настанот и веројатно се прашуваа што ќе се случеше доколку играта не беше во прекин, а кошаркарите на паркетот.

- Оглас -

Најнови вести