Во сите три финалиња на УЕФА натпреварувањата ќе играат италијански екипи!

Најдобрите шест екипи во Европа останаа во трите натпреварувања на УЕФА и ќе се борат за трофеите. Тоа што е карактеристично е дека во сите три натпреварувања, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, ќе има по еден клуб од Италија.

Во финалето од Лигата на шампионите ќе игра Интер, и тоа против Манчестер сити, а дуелот е закажан за 10 јуни во Истанбул.

Само три дена претходно, во финалето на Конференциската лига ќе играат Фиорентина и Вест хем , а мечот ќе се игра на стадионот во Прага.

Финалите возбудувања во клупските натпреварување на УЕФА ќе започнат на 31 мај со дуелот во Будимпешта меѓу Севиља и Рома во борба за трофејот во Лигата на Европа.

Ова е првпат по 1998 година три италијански екипи да играат во финалиња на УЕФА натпреварувањата. Во таа сезона, Јувентус играше против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а во Купот на УЕФА се играше италијанско финале меѓу Интер и Лацио.

- Оглас -

Најнови вести