Во Словенија како и да не постоела оваа сезона

Кошаркарските клубови во Словенија донесоа заедничка одлука актуелното првенство да биде целосно прекинато и да не се прогласи шампион. По состанокот на клубовите, решено е поништување на сезоната 2019/20, па на тој начин нема да има ниту прогласување на шампион, а нема да има ниту испаѓање.

„Последните неколку денови разговаравме со челниците на сите клубови и дојдовме до заедничко решение дека во ваква ситуација најдобро е да биде прекинат шампионатот. Немавме опција за поинакво решение. Сите клубови беа едногласни во донесувањето на одлуката“, изјави претседателот на Кошаркарската федерација на Словенија, Матеј Ерјавец.

- Оглас -

Најнови вести