Во стилот на Мирковиќ и за малку ќе се спасеше, но тука беше ВАР системот (Видео)

ВАР технлогијата дефинитивно донесе многу подобрување во откривање на оние моменти кои судиите едноставно не може да ги забележат, па со прегледување на снимката, може да донесат вистинска одлука. Еден таков момент се случи на дуелот меѓу Ланус и Велез Сарсфилд во аргентинското првенство.

Ова беше дерби на две екипи кои започнаа очајно и по првите девет кола имаат освоено само седум односно шест бода, а меѓусебниот дуел заврши без победник (2:2).

Во жарот на борбата, во средината на второто полувреме, младиот 18-годишен фудбалер Матео Санабрија се обиде да го „излаже“ главниот судија и успеа во тоа, но тука беше ВАР системот кој помогна ситуацијата да биде правило решена.

По еден дуел, Санабрија во обид да стигне до топката, го зграби противникот за меѓуножјето. Противникот се налути и го турна младиот фудбалер, кој театрално падна. Противникот доби жолт картон поради овој потег, но судијата беше повикан од колегите во ВАР собата, за повторно да ја види целата ситуација. Откако главниот арбитар го забележа неспортскиот потег на Санабрија, веднаш го исклучи.

Овој неспортски потег на Аргентинецот потсети на тоа што се случи пред 23 години, кога играа Хрватска и Југославија. На „Максимир“ во Загреб, Зоран Мирковиќ го зграби Роберт Јарни за меѓуножјето, но тој потег беше повеќе од видлив, па иако тогаш немаше ВАР систем, судијата го исклучи југословенскиот фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести