Во цел век постоење, Шпанците не оствариле вакво нешто

Шпанија иако немаше потреба да биде немилосрдна, ја потопи селекцијата на Малта со 7-0 на квалификацискиот меч кој се одигра во Кадис. Селекторот Морено на теренот излезе со комбиниран состав, а голем дел од фудбалерите кои добија шанса да играат придонесоа за големата победа.

Имено, првпат во 100 години постоење на Црвената фурија се случува седум различни фудбалери да постигнат по еден гол на натпревар. За голеадата во листата стрелци се запишаа Мората, Касорла, Феран Торес, Сарабија, Олмо, Морено и Навас.

- Оглас -

Најнови вести