Во земјата која е 17.000 км далеку од Аргентина славењето беше најлудо (Видео)

Цела Аргентина вчера ја славеше третата светска титула на оваа јужноамериканска земја, а Лионел Меси го повтори успехот на Диего Армандо Марадона од 1986 година. Во Буенос Аирес и сите останати градови радоста беше огромна.

Интересно е дека освен во Аргентина, вчера на големо се славеше и во уште една земја. Тоа е Бангладеш, држава која е одалечена дури 17.000 километри од Аргентина, но Гаучосите им се омилени. 

Во Бангладеш се засака аргентинската фудбалска репрезентација уште од времето на Диего Армандо Марадона, кога во 1986 година, во анталогискиот меч Гаучосите ја победија Англија во четвртфиналето, а потоа стигнаа до титулата.

За Бангладеш беше неверојатно дека една неевропска земја може да ѝ нанесе таков удар на Англија. Бангладеш во минатото беше англиска колонија, па затоа Аргентинците со елиминацијата на Гордиот Албион станаа нивни херои.

Низ цел Бангладеш се славеше како да станале светски прваци, иако оваа земја никогаш не ни играла на Светско фудбалско првенство.

- Оглас -

Најнови вести