Водеа со 25 разлика, на крајот можеа да загубат (Видео)

Кавај Ленард блесна и е најзаслужен за победата на Портланд против Њујорк од 116:113. НБА олстар-играчот имаше 39 поени, пет скока и осум асистенции, а малку недостасуваше Портланд да направи од готово вересија. Домаќините одлично го започнаа мечот и по првото полувреме водеа со убедливи 70:50.

На почетокот на третата четвртина, разликата се зголеми и на 25 поени (77:52), но тука како да застанаа играчите на Портланд. Њујорк полека ја топеше негативата и стигна до минус од само два поени во последната минута (113:111), но гостите немаа сили за целосен пресврт.

 

Ако Портланд застана во второто полувреме, Бостон немаше милост против Кливленд и во текот на целиот меч го „мелеше“ противникот. На полувремето домаќините водеа со 22 разлика (73:51), а на крајот Кливленд си замина со пораз од дури 38 поени негатива.

Резултати: Бостон – Кливленд 141:103, Орландо – Шарлот 104:107, Милвоки – Атланта 129:115, Сан Антонио – Вашингтон 121:101, Портланд – Њујорк 116:113.

- Оглас -

Најнови вести