Водеа големи тениски битки во две гренслем финалиња, сега тренираат заедно: Конечно успеавме (Фото)

Данил Медведев се пофали со заедничка фотографија со Новак Ѓоковиќ, кој му беше најголем ривал на тениските терени годинава и против кого водеше рововска битка во финалето на Отвореното првенство на САД, но и во трката за првата позиција на АТП-листата.

Во финалето на Отвореното првенство на САД, Медведев славеше победа од 3:0 и го спречи Ѓоковиќ да биде прв на вечната тениска листа со 21 гренслем-трофеј, пред Федерер и Надал, со кои сè уште ја дели челната позиција, сите тројца со по 20 пехари.

„Конечно успеавме да тренираме заедно“, објави на „Твитер“ Медведев, со заедничка фотографија од тренинг во Париз. Претходно во февруари годинава Ѓоковиќ со победа од 3:0 против рускиот тенисер ја освои титулата на Отвореното првенство на Австралија.

И битката за првото место на АТП-листата беше голема меѓу нив двајца, а по поразот на рускиот тенисер од Григор Димитров на Индијан Велс, Ѓоковиќ повторно ќе ја заврши годината како прворангиран на АТП-листата.

Мастерсот во Париз ќе се игра од 1 до 7 ноември и Ѓоковиќ како прв носител ја предводи листата на учесници, пред Медведев, Циципас, Зверев и Рублев во Топ-5 фаворити за пехарот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести