Водеа со 4:0, а на крајот спасуваа да освојат бод

Дека фудбалот може да биде драматичен во секаква ситуација, се покажа на синоќешниот дуел меѓу Ал-Салија и Ал-Сад во КСЛ купот во Катар. Ал-Сад беше голем фаворит пред мечот, а и резултатот беше во нивна корист во првите 55 минути.

Ал-Сад почна фуриозно и на полувреме водеше со 2:0, а со уште два гола на стартот од вториот дел стигна до 4:0. Сепак, оваа предност не беше доволна за да стигне до победа. Домаќините одиграа фуриозни 20 минути, во кои постигнаа четири гола, и тоа во периодот од 58-мата до 78-мата минута.

За да биде уште подраматично, домаќините имаа шанса и за победа од 5:4, но не успеаја да направат еден од најголемите пресврти во историјата на фудбалот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести