Вокер посакува Јунајтед да ги послуша своите навивачи

Манчестер јунајтед и Манчестер сити утре од 21 часот на „Олд Трафорд“ може да одиграат меч кој ќе го одреди шампионот на Премиер лигата, а Кајл Вокер од „граѓаните“, даде интересна изјава во пресрет на двобојот. Ако Сити победи, тешко дека нешто ќе го спречи во освојување на трофејот, но ако киксне, сè ќе биде во рацете на Ливерпул.

На Јунајтед му требаат бодови во трката за Лигата на шампионите, па ќе биде интересно. Вокер вели дека деновиве луѓе кои го поддржуваат Јунајтед го застануваат на улица и му порачуваат дека не сакаат Ливерпул да биде шампион.

„Навивачите на Јунатед се во тешка ситуација. Кога го шетам кучето, ми приоѓаат и ми велат дека повеќе сакаат Сити да биде првак, отколку Ливерпул. Тоа е чудно, но сигурен сум дека играчите на нашиот градски ривал нема да излезат на терен и ќе ни речат ајде Сити давај голови“, изјави Вокер.

На Манчестер сити по утрешниот меч му остануваат дуели уште со Лестер, Брајтон и Барнли, а Ливерпул треба да игра со Хадерсфилд, Њукасл и Вулверхемптон.

- Оглас -

Најнови вести