Волчицата му даде надеж на Лече, а потоа го сомеле

Рома се пласираше во четвртфиналето на Купот на Италија, откако на „Олимпико“ со 3:1 го победи Лече. Гостите први се заканија и поведоа со голот на Калабреси во 14 минута.

Ова рано водство на Лече, не ги збуни домаќините. Пред крајот на првото полувреме Рома израмни преку Кумбула, а веќе на почетокот од вториот дел се случи комплетен пресврт.

Тами Абрахам погоди во 54 минута за 2:1, а сите дилеми околу победникот ги реши Шомуродов со погодокот во 81 минута. Рома доминираше во текот на целиот меч и се приклучи на Интер, Сасуоло, Јувентус, Лацио, Милан, Фиорентина и Аталанта кои ќе бидат дел од осумте најдобри во Купот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести