Волчицата владее во Рим – Пелегрини беше феноменален, и испрати предупредување на Македонија (Видео)

Рома неочекувано лесно го победи Лацио со 3:0 во големото римско дерби, а мечот беше решен во првото полувреме, кога домаќините ги постигнаа сите три гола.

Блескаше Лоренцо Пелегрини, кој конкурира и за место меѓу стартните 11 репрезентативци на Италија за дуелот со Македонија на 24. март во Палермо.

Капитенот на Рома и двојниот стрелец Тами Абрахам ја предводеа Рома до голема победа.

Пелгрини уште во 56. секунда со прекрасни изведен корнер ја погоди пречката на Лацио, а одбиената топка во мрежата на Стракоша ја смести Абрахам.

Истиот играч погоди и во 22. минута, а потоа се слули најубавиот момент на дербито.

Лоренцо Пелегрини постигна еврогол од слободен удар од 30-на метри, а бомбата, иако беше во аголото каде беше поставен Стракоша, беше недофатлива за голманот на Лацио.

Пелегрини од утре ќе биде на собирот со италијанската репрезентација за бараж мечот со Македонија на „Ренцо Барбера“ на 24. март од 20.45 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести