Волфсбург го отпушти тренерот, на Ковач му пресуди друг Хрват

Нико Ковач повеќе не е тренер на Волфсбург, соопшти денеска бундеслигашот. Волфсбург вчера пред своите гледачи загуби со 1:3 од Аугсбург и ја продолжи катастрофалната серија од 11 натпревари без победа.

На поранешниот селектор на Хрватска и тренер на Баерн Минхен, му пресуди друг Хрват, Кристијан Јакиќ, кој постигна два гола за Аугсбург.

„По поразот од Аугсбург донесовме одлука да ја прекинеме соработката со Нико Ковач. Жалиме поради ваквиот развој на настаните и веруваме дека сега е потребно да е и се даде нов импулс на екипата за стабилизирање на состојбата, изјаби спортскиот директор на Волфсбург, Марсел Шафер.

Ковач во Волфсбург пристигна во 2022 година и во минатата сезона го освои осмото место во Бундеслигата, а сезонава моментно се наоѓа на 14-тото место на табелата со само шест бода повеќе од Мајнц кој се наоѓа на позиција која води во баражот за опстанок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести