Волфсбург на 17 септември ќе игра во Скопје?

Германскиот прволигаш Волфсбург би можело наскоро да заигра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје доколку така сака денешната ждрепка за второто коло од квалификациите од Лигата на Европа. Волфсбург е еден од трите можни противници на Ренова за следната фаза која се игра на 17 септември и исто така ќе биде само еден меч, нема реванш, а ќе се игра без публика.

Гипсарите од Тетово имаат три можни ривали, тоа се Хајдук Сплит, Волфсбург и Зрински од Мостар. За публиката најинтересно ќе биде ако дојдат Волците, но и Хајдук е тим кој многу значи на овие простори. Постои и една полоша варијанта, а тоа е Ренова да биде во улога на домаќин, но да не игра во Македонија, туку некаде на неутрален терен, како на пример Кипар.

Шкендија е во улога на носител и ќе патува на исток или тука ќе дојдат ЦСКА Софија, романскиот Ботошани и молдавскиот Сфинтул Георге.

Својот противник го чека и Силекс, кој по испаѓањето од квалификациите за ЛШ се пресели во квалификациите за ЛЕ. Кратовци може да се паднат со Арарат, Конах Квеј, Дрита, Фола Еш, Астана, Будуќност или Астана.

 

- Оглас -

Најнови вести