Волфсбург почна да тренира, но во мали групи и со заштитни мерки (Фото)

Германскиот фудбалски прволигаш Волфсбург вчера почна да тренира, и тоа го прават под специјални мерки за превенција и избегнување на ширење на заразата од Коронавирусот.

За да се минимизира потенцијалниот ризик од инфекција, тимот е поделен во четири групи, кои тренираат по два часа во простории одвоени од другите, па фудбалерите колку може се избегнуваат едни со други. Гелот за дезинфекција е задолжителен, а и справите за вежбање се на безбедна дистанца една од друга.

Попладневно е донесена препорака Бундеслигата да не почне пред 30 април. Одлуката треба да се донесе на состанок на 31 март, па останува да се види дали Волфсбург ќе прекине со тренинзи или нивните методи ќе ги применуваат и другите клубови.

- Оглас -

Најнови вести