Волците го намачија Јунајтед, Мата ја направи разликата (видео)

Манчестер јунајтед ќе игра во четвртото коло од ФА купот по триумфот против Вулверхемптон од 1-0. Во првата средба која се одигра на „Молињу“ не се издвои победник, но во возвратната средба фудбалерите на Оле Гунар Солскјер го искористија домашниот терен.

Победата ја донесе Хуан Мата во 67-та минута по одличниот контра-напад на домаќините. Јунајтед на 23 јануари ќе го дознае противникот во четвртото коло, по дуелот меѓу Ватфорд и нисколигашот Транмере.

Кардиф во меѓувреме го совлада Карсли со 4-3.

- Оглас -

Најнови вести