Вознијачки ќе се пензионира на местото каде го постигна најголемиот успех

Данската тенисерка Каролине Вознијачки најави дека ќе се пензионира по настапот на Австралија опен следната година. Одлуката ја соопшти при гостувањето во шоуто на „ABC“ телевизијата, а потоа ја потврди и на својот профил на Инстаграм.

Вознијачки има 29 години и освои една гренд-слем титула, токму на турнирот во Мелбурн, каде ќе се прости од активното играње.

Данката има и две финалиња на САД опен, но ги загуби во 2009 и во 2014 година. Беше и прворангирана на светската тениска листа во октомври 2011 година и е убедливо најуспешната тенисерка во историјата на данскиот тенис.

Новото издание на Австралија опен ќе се игра од 20. јануари до 20. февруари.

- Оглас -

Најнови вести