Каталонскиот гигант Барселона му постави ултиматум на шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс околу трансферот на „Камп Ноу“ ова лето. Пред неколку недели делуваше дека сè е подготвено за негова преселба во Барселона, но како што одминува времето трансферот се лизга од раце.
Спортскиот директор на Барселона, Деко, му поставил ултиматум на Нико Вилијамс дека оваа понуда е актуелна само ова лето и дека нема да го чекаат наредното за да дојде во клубот. Возот за Барселона еднаш застанува на неговата станица, е пораката од Каталонија додека чекаат крилниот напаѓач да се качи во вагонот.
Голем притисок на Нико Вилијамс наводно извршил неговиот брат Ињаки, на кого тој му ветил дека ќе играат заедно во тимот на Атлетик Билбао во Лига Европа. Желбата е тимот да стигне до финалето, кое во новата сезона се игра токму на „Сан Мамеш“, стадионот на Атлетик Билбао.
Покрај тоа, и Атлетик Билбао му подготви значително зголемување на платата доколку одлучи да остане во матичниот клуб, па сега трансферот во Барселона е неизвесен.