Враќање на врвот во голем стил – Ибра и Ребиќ го растурија Кротоне (видео)

Милан го потопи Кротоне со убедливи 4-0 за враќање на врвот во Калчото во голем стил. Росонерите немаа милост против фенерџијата, а особено расположени беа Златан Ибрахимовиќ и Анте Ребиќ.

Златан го запиша својот 500-ти клупски погодок во кариерата со сигурна реализација во 30-тата минута.

Минималната предност Милан ја држеше до 64-тата минута, пред Ибрахимовиќ за го постигне вториот гол на средбата, односно 14-ти за оваа сезона со што му се доближи на Кристијано Роналдо на листата најдобри стрелци во Серија А.

Потоа следуваше мини-шоу на Ребиќ кој во два напади за исто толку минути ги постави конечните 4-0 на „Сан Сиро“.

Милан повторно е прв на табелата со 49 бода, два повеќе од Интер, додека Кротоне останува на дното со само 12 бода по 21 одигран натпревар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести