Врањеш во свој стил го искоментира ремито на БиХ со Грција

Дефанзивецот Огњен Врањеш, кој стана познат во регионот по аферата со пејачката Јелена Карлеуша, повторно сака да биде во центарот на вниманието и преку социјалните мрежи испрати порака до оние сонародници што не го сакаат, а го „боцна“ и селекторот на БиХ, Роберт Просинечки.

Босанците синоќа одиграа 2-2 против Грција и треба да бидат задоволни со ремито, иако водеа со 2-0 по првата половина на првото полувреме.

„Ова го има само во Босна. Јас сум им главен виновник што мечот заврши 2-2“, напиша Врањеш на Инстаграм.

По аферата, Просинечки го избриша Врањеш од националниот тим, а бањалучанецот не игра ниту во неговиот клуб Андерлехт, па летово мора да си бара нов ангажман.

 

- Оглас -

Најнови вести