Вредеше да се чека три дена – Милан го круниса мајсторскиот добитен тикет во Струга

Трпеливоста се исплати за обложувачот од Струга, кој состави добитен тикет со натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа кои се одиграа изминативе три дена. Со влог само од 30 денари, обложувачот погоди 10 пара од натпреварувањата на УЕФА и си ги наполни џевовите со прекрасна добивка од 191.072 денари.

Повеќето натпревари кои се најдоа на прилично едноставно составениот тикет се од ЛШ, додека се чекаше уште „кецот“ на Милан против Селтик во вчерашната победа од 4-2 на Росонерите. Претходно обложувачот ги погоди ремијата во дербито меѓу Атлетико и Баерн, односно Порто и Манчестер сити.

Имаше голема доверба во тимовите на Ред бул – Погоди „двојка“ на Салцбург на гости кај Локомотив Москва, додека голеадата во Истанбул, која заврши со 4-3 во корист на Лајпциг со погодок во втората минута од судиското надополнување, го одржа во живот добитниот тикет.

„Кецовите“ на Ливерпул, Марсеј, Краснодар и Клуб Бриж само ја потврдија радоста во Струга.

- Оглас -

Најнови вести