Време е за нова титула, Калин на пладне игра финале против многу полошо рангиран тенисер

Македонскиот тенисер Калин Ивановски денеска од 12 часот ќе го игра своето петто фјучерс финале во 2023 година, и има добра шанса да триумфира во австриски Крамзах, барем според рејтингот кој го има на АТП листата.

Ивановски во моментов е на 335-ти на АТП листата, а неговиот ривал во финалето, Кореецот Џерард Кампана Ли, е на 601-вата позиција на светската ранг листа.

Сепак, ова не треба да залажува, Ли вчера во полуфиналето со 2-0 во сетови го совлада Американецот Крофорд (286-ти на АТП листата) кој беше прв носител на овој турнир со награден фонд од 25.000 долари.

Од четирите досегашни финалиња годинава, Калин доби две, и загуби две.

- Оглас -

Најнови вести