Време е за премиерна радост на Сент Етјен

1001 Арсенал – Астон вила (Премиер лига Англија, 21:00 часот)

Лондонскиот тим очигледно е дека има проблеми во одбраната, а тоа најдобро можеше да се види во понеделникот, кога примија два погодоци од Барснли, кој важи за еден од најнеефикасните тимови во Премиер лигата.

Од друга страна, офанзивата е многу подобра страна и речиси редовно постигнува барем по еден гол пред своите навивачи. Тимот од „Вила парк“ исто така игра напаѓачки фудбал, а задната линија не ја краси некоја стабилност.

На четири гостувања досега, Астон вила има осум примени погодоци, или во просек тоа ќе му дојде по два на натпревар. Секој меч што се играл на „Емиратите“ во последните 10 години завршувал со најмалку три погодоци.

Предлог тип: 3+ (1.82)

 

1701 Сент Етјен – Анже (Лига 1 Франција 21:00 часот)

Сент Етјен важи за еден од најтрофејните француски клубови тимови, но има кошмарен почеток во новата сезона од Лига 1.

Впрочем, по 10 одиграни кола, тие се наоѓаат на последното место, само со четири освоени бодови. Анже, пак, игра доста солидно и се наоѓа во горниот дел од табелата, а главната цел на овој тим, секако, ќе биде опстанокот.

Зелените се радувале трипати во меѓусебните дуели што се играле на овој стадион, а интересно е што последниот меч завршил без голови. Но, Сент Етјен доколку сега сака да тргне во победничка серија, трите бодови се неопходни.

Предлог тип: 1 (2.65)

 

3001 Торино – Џенова (Серија А Италија, 18:30 часот)

И двете екипи практикуваат офанзивен фудбал, а такво нешто се очекува и вечерва. Иако почетокот на сезоната не е најубедлив, особено за тимот на Горан Пандев, сепак не би требало да имаат проблем да обезбедат опстанок во елитата на Италија.

Целосното враќање на Андреа Белоти значи и дополнителен плус за Торино, а од друга страна, би требало и да го видиме и нашиот Гоче со некоја минута на теренот.

Иако во минатото меѓусебните дуели не навестуваат дека ќе гледаме голови, сепак сегашната форма алудира на такво нешто. Џенова на три од последните пет средби игра ГГ3+.

Предлог тип: ГГ3+ (2.50)

 

8399 Барселона – Зенит Санкт Петербург (Кошарка Евролига, 21:00 часот)

Барселона на десет натпревари по ред во сите натпреварувања реди само победи и се наоѓа во одлична форма пред вечерашната Евролигашка средба.

По поразот во Суперкупот од Реал Мадрид во август, тимот предводен од Шарунас Јасикевичиус е незапирлив, иако на последните два меча против Монако и Олимпијакос победуваше дури по продолженија.

Рускиот претставник е коректен противник, но не би требало да претставува проблем на хартија на најмоќниот тим во Европа.

Впрочем, последната средба меѓу овие две екипи, која заврши 89:53 во корист на Барса, е доволен показ за разликата во квалитет.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -8.5 (1.89)

 

1630 Вилем II – Фортуна Ситард (Ередевизе, Холандија, 20:00 часот)

Натпреварите од холандските лиги редовно носат голем број погодоци, а такво нешто се очекува и вечерва, каде што „главните“ улоги ќе ги имаат Вилем II и Фортуна Ситард.

Домашниот тим има одличен влез во сезоната и во моментов е на петтата позиција, додека Фортуна е под број 14. На стадионот „Конинг“ кога играле овие две екипи во последните пет натпревари, на три се радувале домаќините, а двапати било нерешено.

Предлог тип: Т12+ (1.82)

 

- Оглас -

Најнови вести