И вака драстично подмладена, кошаркарската репрезентација на Македонија е фаворит за победа против Романија во вечерашниот меч од 20 часот кој ќе се игра во тазе реновираната спортска сала во Куманово.
Квотата во Sport Life за победа на Македонија е 1.41, а на Романија 3.15. Секако тука се и безброј други игри со вклучени и број на поени.
Букмејкерите ја фаворизираат нашата репрезентација, но нема да биде лесно да се почне со победа во претквалификациите за СП во кои сме во група со Романија и Унгарија и треба да бидеме први или втори за да влеземе во главните квалификации за Светско.
Кошаркарскиот А тим на Македонија во својата историја има играно само еден официјален меч на Илинден, во 2017 година, и претрпевме пораз од Косово во претквалификациите за СП 2019. Сега играме дома, противникот е по мерка и може првпат да славиме на овој голем датум за нашата земја и народ.
Македонскиот тим е драстично ослабен и подмладен, па така Андреј Магдевски е единствениот што играл против Романија кога последен шат се сретнавме во претквалификациите за ЕП 2021. Кај Романците има цела петорка кошаркари кои имаат искуство од играње против Македонија.
Севкупно, во меѓусебните дуели на Македонија и Романија резултатот е 3-2, а со поддршка од публиката во полната сала во Куманово, вечерва може да направиме исчекор кон квалификациите, што би било успех за овој млад македонски состав предводен од Магдевски, Адем Мекиќ и Џејкоб Вајли.