Врв на катастрофата: Ѓоковиќ го предаде мечот за бронза во мешани двојки

Првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ доживеа целосен дебакл на Игрите во Токио. Србинот беше главен фаворит за златото во сингл, а беше и меѓу фаворитите за трофеј во мешани двојки, но на крајот остана без ништо.

Откако вчера беше поразен во полуфиналните дуели на синг и мешани двојки, Ѓоковиќ утрово го загуби и дуелот за трето место во поединечна конкуренција од Шпанецот Пабло Карењо Буста, во меч кој траеше безмалку три часа.

Уморен, но и многу нервозен поради поразот од Карењо Буста, Ѓоковиќ едноставно не можеше да го одигра дуелот за бронзен медали во мешани двојки. Српската комбинација го предаде мечот и остана без ниту еден на тенискиот турнир.

- Оглас -

Најнови вести