Втора лига: Екипите што се борат за врвот остварија победи

Натпреварите од 26-тото коло во Втора македонска фудбалска лига не донесоа изненадување, со оглед дека сите екипи кои се борат за врвот забележаа победи, па состојбата на табелата во горниот дел остана речиси иста.


Брегалница убедливо ја совлада Слога Виница со 4-1 и остана лидер со 61 бод. Шкендија Арачиново на гостински терен во Гевгелија минимално славеше против Кожув со 0-1, додека Скопје исто така запиша сигурна победа на гости кај Преспа со 0-2.


Три бода освои и Охрид, кој триумфираше во Тетово против Тетекс со 1-2, останувајќи во тесна трка за врвот.


Најубедливиот резултат во колото се случи во Прилеп, каде Осогово ја декласираше Победа со неверојатни 1-8.


Новаци и Детонит Плачковица одиграа реми 1:1, Саса со 1-0 го совлада Горно Коњари, додека Беласица славеше на гостински терен против Вардар Неготино со 1-4.

- Оглас -

Најнови вести