Вториот и третиот дрес на Барселона ќе бидат поубави од главниот

Некои шпански медиуми го обелоденија изгледот на дресовите на Барселона за следната сезона 2020/21. Компанијата „Најки“ веќе ги има изработено дресовите, но клубот ги нема официјално претставено. Новина е дека се враќаат вертикалните линии, нема веќе „шаховница“ со квадрати како сезонава, но според коментарите, на навивачите повеќе им се допаѓа втората, па и третата варијанта, отколку главната во која тимот ќе одигра најмногу мечеви и на која рекламите се во бела боја, бојата на Реал Мадрид.

Засега не се знае какви ќе бидат голманските дресови, но останатите десетмина ќе играат со сино-црвени, црни и розеви дресови.

- Оглас -

Најнови вести