Второто полувреме како по ноти му донесе убаво признание на Модриќ (Видео)

Лука Модриќ е најдобриот играч во третото коло на Европското првенство, а признанието доаѓа од УЕФА. На хрватскиот фудбалски гениј му беше доволно само едно полувреме за да биде прогласен за топ-играч на последното коло во фазата по групи.

Постигна вистински еврогол во 46. минута за Хрватска против Шкотска за предност на „Коцкестите“ од 2:1, а потоа и му асистираше на Иван Перишиќ за печат на триумфот што им донесе пласман во осминафиналето на Хрватите.

Модриќ ќе го предводи својот национален состав против Шпанија во едно од третите дербија во осминафиналето, заедно со мечевите меѓу Англија и Германија и Белгија против Португалија.

 

- Оглас -

Најнови вести