„Вујо мајсторе“ се враќа во Хрватска, ќе се обиде да ја прекине доминацијата на Загреб

Поранешниот тренер на Вардар и миленик на „Комитите“, Веселин Вујовиќ, се враќа во хрватскиот ракомет и ќе биде нов тренер на Нексе.

Вујовиќ во два мандати седеше на клупата на шампионот Загреб, а сега ќе го преземе тимот со кој ќе се обиде да ја прекине доминацијата на екипата во која играат поранешните вардарци, Иван Чупиќ, Тимур Дибиров, Патрик Валчак и Јоел Куни Моралес.

Веселин Вујовиќ во Нексе доаѓа на местото на Бранко Тамше, а пред да ја прифати понудата на хрваскиот тим, беше селектор на Иран, со кого обезбеди пласман на Светско првенство.

- Оглас -

Најнови вести