Вујовиќ: Да не бев спортист, тешко дека ќе ја преживеев несреќата

Ракометарот на Фуксе Берлин, црногорскиот интернационалец Милош Вујовиќ, добро закрепнува и пуштен е на домашно лекување откако имаше незгоден сообраќаен инцидент, во кој можеше и да го загуби животот. Пред една недела, тој додека се возеше со својот велосипед, во него удри камион, беше на интензивна нега во болница и имаше многу среќа што мина само со скршени ребра.

„Имав многу среќа што минав само со скршено ребро и нагмечени органи од десната страна на телото. Да не бев спортист, можеби сега ќе бев мртов, дел од секунда ме делеше од најлошото“, вели левото крило, кој скокна од велосипедот и така се спаси, бидејќи ако не го стореше тоа, ќе беше смачкан од камионот, како што велосипедот се најде под тркалата на тешкиот камион управуван од 36-годишен возач.

Вујовиќ летово од унгарска Татабања премина во бундеслигашот, на дебито даде седум гола од седум шута, а претпоставува дека би можел да почне да тренира по еден месец.

 

- Оглас -

Најнови вести