Вардар утре ќе игра против Еурофарм Пелистер во меч од Суперкупот на Македонија, а „црвено-црните“ ќе се одбидат да останат единствените освојувачи на овој пехар.
Досега трипати славеа во три финалиња, а лани не се играше поради пандемијата со Ковид-19. Мечот за пехарот ќе се игра утре од 19 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
„Ја темпираме формата за дуелот со Загреб во СЕХА лигата, но без разлика утре играме за вреден пехар и ќе дадеме се од себе да го освоиме. Ни недостасува Гурбиндо, почеток на сезоната е, но се надевам дека ние ќе бидеме победници. Знам дека навивачите на Вардар секогаш сакаат убедлива победа против вечниот ривал Пелистер, но резултатот не е важен, важно е да победиме и да видиме во каква форма сме“, изјави Веселин Вујовиќ.
Подготвен за настап е Анте Гаџа, кој вели дека Вардар секогаш оди на победа во вакви мечеви.
„Вардар е Вардар и секогаш мора да победува на вакви мечеви. Ова ни е прв мечво новата сезона и ќе биде тешко. Ќе ни недостасува Гурбиндо, имаме нови ракометари и сето тоа мора да се вклопи добро, но најважно е да дадеме максимум како што доликува на играчи што го носат дресот на Вардар. Мислам дека ќе успееме да ги прикриеме сите недостатоци, кои секогаш ги има на старт од нова сезона и дека ќе победиме“, изјави Гаџа.