14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Вујовиќ ќе си ја проба среќата во женскиот ракомет за прв пат во богатата кариера

Претходниот тренер на РК Вардар, Веселин Вујовиќ за прв пат во тренерската кариера ќе биде предводник на женски тим.

Хрватскиот првак Подравка Вегета ќе биде следната дестинација за популарниот Вујо а ќе му биде понуден договор до крајот на сезоната.

Како што е добро познато, Вујовиќ и Вардар го раскинаа договорот пред неколку месеци а тој сега е без ангажман.

Раководството на Вардар, пак на неговото место го донесе Давид Дејвис Камара кој што вчеравечер го имаше своето деби како тренер на клупата како прв предводник.

- Оглас -

Најнови вести