Вујовиќ знае што го чека: Вардар не трпи просечност

Вардар ќе настапува во Лигата на шампионите во ракомет, а Веселин Вујовиќ денеска означи почеток на подготовките за новата сезона на двојниот европски првак.

Ново-стариот тренер на „црвено-црните“ одлично ги познава состојбите во клубот и знае дека очекувањата се големи.

„Вардар е двоен европски првак и навивачите и јавноста секогаш очекуваат големи нешта. Клубот не трпи просечност и верувам дека ќе имаме успеси и со мене како тренер на Вардар. Денеска добивме убави вести, уплатен е депозитот во ЕХФ, што значи дека можеме нормално да функционираме. Имаме неколку нови ракометари, а не знам дали ќе има уште засилувања, но едно знам, дека амбициите секогаш се на највисоко ниво кога станува збор за Вардар“, рече Вујовиќ.

Жереми Тото, Анте Кудуз и Дарко Ѓукиќ беа претставени како нови играчи на скопјани кои за некој ден ќе заминат за Златибор на првата фаза од подготовките за новата сезона.

- Оглас -

Најнови вести