Вуко Борозан си замина од Вардар

Најтрофејниот ракометен клуб во Македонија, Вардар, и еден од најискусните играчи во составот на Црвено-црните, Вуко Борозан, спогодбено го раскинаа договорот и ракометарот од денеска е слободен играч.

„Клубот му се заблагодарува на Борозан за сè што направи во дресот на Вардар и му посакува многу среќа, здравје и успех во понатамошната кариера“, стои во соопштението од клубот. 

Искусниот 31-годишен лев бек во периодот поминат во Вардар беше дел од тимот во важни натпреварувања на домашната и на европската сцена и со својот професионален однос даде значаен придонес во работата на екипата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести