За 250 грама храна се плаќа 100 евра во ресторанот на Един Џеко (фото)

Един Џеко влезе во нов бизнис. Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина пред неколку дена отвори луксузен ресторан во Дубровник  под името „Ezza”.

„Дубровник е место каде што секогаш се чувствувам убаво, како да сум дома. Тука го поминувам летниот одмор со моето семејство. Затоа и сакав да направам ресторан кој ќе се разликува од останатите и тоа е за сите оние кои го сакаат Дубровник како мене“, рече Џеко.

Цената на јадењата се многу поскапи од цените во некои други ресторани. Најскапо јадење е  „Ramstek Wagyu A5 Japan” од 250 грама и чини 100 евра.

За 78 евра може да добиете “Ribeye odrezak Wagyu Australija” од 300 грама, додека „Ezza burger“ од 200 грама чини 25 евра.

Цените на коктелите се движат меѓу 10 и 15 евра, а Еспресо кафе чини четири евра, колку што е цената и на најевтиното пиво. Најскап пијалок е виното „Château Petrus, Pomerol, Bordeaux 1995/2001“, кое чини малку повеќе од 11.000 евра.

 

- Оглас -

Најнови вести