За Баерн нема пријателски мечеви, настрада Фенербахче

Баерн Минхен ќе игра со Тотенхем во утрешното финале на Ауди купот во Минхен откако вечерва Баварците го поразија Фенербахче со 6-1, па турскиот тим утре ќе треба да игра со Реал Мадрид за трето место.

Во 20-тата минута, при резултат 0-0, се повреди Гнабри и тоа го загрижува тренерот Ковач, кој во игра го внесе Милер, а искусниот голгетер даде два гола во „петардата“ која германскиот првак ја испука од 22-рата до 44-тата минута. Другите три гола ги дадоа Санчес, Горецка и Коман. На 6-0 зголеми Милер, кој во 58-мата минута направи хет-трик и дури тогаш на Баварците им текна да подзастанат.

Иако ова е подготвителен меч, Германците максимално сериозно пристапија и сакаа да остават добар впечаток пред своите фанови. И голот за Фенер го даде германски фудбалер Макс Крузе, кој летово дојде од Вердер.

- Оглас -

Најнови вести