За Баскијците ова требаше да биде посебен ден, луѓето на тоа потсетија со излегување на балконите (Видео)

Да немаше пандемија со Коронавирусот и ако регуларно се играа мечевите во Шпанија, денеска требаше да биде ден за историја во Баскија. Двата најпознати клубови во овој дел од земјата, Реал Сосиедад и Атлетик Билбао требаше да играат во финалето на Купот.

Мечот беше закажан да се игра во Севилја, но пандемијата направи финалето да не се игра во предвидениот термин. Навивачите на екипите од Билбао и Сан Себастијан не заборавија дека денеска требаше да биде нивни ден, па симболично излегоа на балконите ги извадија омилените транспаренти и пееја навивачки песни.

Сите 50.000 билети за финалето беа распродадени, но сега останува енигма кога ќе се игра финалето по кое еден од двата баскиски тима ќе се радува на вредниот трофеј. Во Шпанија досега починаа повеќе од 20.000 луѓе од опасниот Коронавирус.

„Кога и да се одигра мечот, тоа ќе биде големо финале“, вели капитенот на Атлетик Билбао, Аритз Адуриз. Доколку се откаже финалето од Купот, шпанската федерација најави дека двата клуба ќе добијат право за настап во европските купови.

- Оглас -

Најнови вести