За Челзи ова е најтежок пораз во Премиер лигата во последните 23 години

Челзи се посрамоти на гостувањето кај Борнмут и загуби со 4-0. Ова е само вторпат откако е формирана Премиер лигата тимот од „Стемфорд бриџ“ да загуби со разлика од четири гола. Првиот пат тоа се случи во септември 1996 година, кога Челзи беше поразен од Ливерпул со 5-1.

Да биде уште поневеројатен овој резултат на гостувањето кај Борнмут, покажува и фактот дека на полувремето беше 0-0, а гостите од Лондон имаа многу неискористени шанси за погодок. Статистиката покажува дека Челзи во својот посед ја имал топката дури 69 отсто, но домаќините беа тие кои даваа голови.

Едноставно, на овој меч се потврди правилото дека поседот на топката може да нема никаква улога на крајниот резултат, а играчите на Челзи си заминаа посрамотени од ова гостување.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести