За Чурлинов 45 минути во куп-победата на Штутгарт

Дарко Чурлинов, младиот репрезентативец на Македонија, учествуваше во победата на Штутгарт од 1-0 против Фрајбург, со која домаќините обезбедија пласман во осминафиналето од Купот на Германија.

Чурлинов го одигра целото второ полувреме влегувајќи во игра на местото од Кулибали при резултат од 1-0, кој го постави Калајџиќ уште во 15-тата минута, што излезе како конечен резултат.

- Оглас -

Најнови вести