За кого ќе биде црно тиквешко во дербито за опстанок во Кавадарци?

Тиквеш и Скопје ќе играат денеска од 14 часот во Кавадарци во премиерниот меч од 22. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Мечот е многу значеан и ќе се бие битка за опстанок, на две екипи што моментно се на позициите 9 и 10 кои водат во бараж за опстанок.

Скопје има три бода повеќе од домаќините и бара шанса со победа да ја намали разликата од 7 бода што ја има Работнички, екипа што е на осмото место, прво над зоната за испаѓање, или бараж мечеви.

Тиквеш веројатно ја има и последната шанса за да се обиде да направи подвиг и да ја избегне опасната зона, а моментно се десетти со 18 бода, само пред Борец со 13 и Пелистер со 6, како две најзагрозени екипи што би испаднале од Првата лига, ако нема промени до крајот на првенството.

- Оглас -

Најнови вести