За Меси дополнителна казна од 3 месеци од КОНМЕБОЛ, ќе плати и 50 илјади долари

Лионел Меси е казнет дополнително со 3 месеци забрана за настап за Аргентина и парична глоба од 50 илјади долари, поради навреди кон Јужноемариканската куќа на фудбалот, КОНМЕБОЛ.

Првично аргентинскиот ас доби суспензија од еден меч и парична казна од 1.500 долари, по исклучувањето на полуфиналниот дуел со Бразил на Копа Америка, а сега е и дополнително казнет, заради изјавите по мечот.

Меси тогаш изјави дека луѓето од Конмебол се корумпирани, а домаќинот Бразил мора да биде шампион на Јужна Америка.

Временската казна тече од денеска, но нема да влијае премногу на амбициите на Аргентина да се пласира на Мундијалот во 2022 година во Катар, бидејќи квалификациите почнуваат подоцна, а Меси ќе пропушти три пријателски мечеви на „гаучосите“. Нема да игра против Чиле, Мексико и Германија.

Аргентина ќе игра со Чиле на 5. септември, пет дена подоцна ќе ги одмери силите со Мексико, а на 9. октомври ќе им излезе на мегдан на големите ривали Германците, со кои има играно три финалиња на Светските првенства.

- Оглас -

Најнови вести