За него е можно, иако ќе бидеме гости – Ракип сака во баражот со Македонија да игра дома

Ердал Ракип може да биде единствениот македонски репрезентативец што ќе игра на свој терен, ако на ждрепката на 26. ноември за првиот бараж меч ни падне Шведска.

Играчот од средниот ред е роден во Малме, клуб за кој игра моментно, а неодамна дебитираше за македонската репрезентација.

Ердал не настапи на двата клучни дуели месецов, по кои Македонија со две победи против Ерменија и Исланд обезбеди настап во доиполнителниот бараж систем.

Мора да се победи на следните два меча, против ривали што ќе нис е паднат на извлекувањето на 26. ноември, а првиот меч ќе бидеме гости.

„Не можам да кажам дека би било идеално да играме со Шведска, но според мене шансите би биле еднакви за двете репрезентации. Јас би играл на свој терен, а Македонија, иако ја потценуваат има одлична репрезентација. Секако не би било добро да ни паднат Италија и Португалија, а со Шведска би било забавно“, вели Ракип за шведски „Квалс постен“.

Ракип двапати ги одбиваше поканите да игра за македонската репрезентација. Во 2017 година Ердал ја одби понудата на Благоја Милевски за настап за нас на младинското Европско првенство, бидејќи се надеваше дека ќе игра за младинците на Шведска, но не беше повикан од Хакан Ериксон.

Милевски беше упорен и Ракип конечно прифати да игра за Македонија, за сениорскиот состав и сега има шанса да настапи на Мундијал, ако ги добиеме двата бараж дуели што ќе се играат во март идната година.

 

- Оглас -

Најнови вести